I
industrija.mk

Најчести прашања

Кратки одговори за нарачките, плаќањето, испораката, враќањето, рекламациите и деловните купувачи.

Нарачки и достапност

Како да нарачам?

Изберете производи, додадете ги во кошничка и следете ги чекорите за нарачка. Можете да нарачате и без регистрација.

Може ли да нарачам производ што не е на залиха?

Преку кошничката и системот за онлајн плаќање може директно да се нарача само производ што е означен како достапен на залиха. За производ што не е на залиха може да испратите барање за понуда. Цената, рокот и начинот на плаќање ќе бидат наведени во индивидуалната понуда или профактура.

Испратете барање за понуда

Кога мојата нарачка се смета за потврдена?

Нарачката се смета за прифатена по успешната потврда на плаќањето и електронската потврда од industrija.mk. По нарачката ќе добиете е-пошта со нејзините детали.

Кој документ го добивам по нарачката?

По успешната онлајн нарачка добивате Потврда за онлајн нарачка. Фактурата, фискалниот документ или друг применлив документ се издаваат согласно видот на купувачот, начинот на плаќање и важечките правила.

Плаќање

Кои начини на плаќање се достапни?

За производи достапни за директно онлајн купување плаќањето се врши со поддржана платежна картичка преку безбедниот систем за онлајн плаќање.

За производи што се набавуваат по индивидуална понуда, плаќањето може да се изврши со банкарски трансфер по профактура.

За одобрени деловни купувачи може да бидат договорени индивидуални комерцијални и платежни услови.

Дали плаќањето со картичка е безбедно?

Картичкото плаќање се обработува преку системот на банката. industrija.mk не ги чува целосните податоци од платежната картичка.

Повеќе во Политиката за приватност

Испорака

За колку време се испраќа нарачката?

Производите достапни на залиха ќе бидат подготвени и предадени на курирската служба во рок од 1 до 3 работни дена од електронското прифаќање на нарачката и успешната потврда на плаќањето, освен ако за конкретната нарачка не е наведено поинаку.

Времето потребно курирската служба да ја достави пратката зависи од адресата, курирот, работните и неработните денови и условите во транспортот.

Повеќе за испораката

Колку чини доставата?

Бесплатна испорака е достапна за нарачки со вредност од 3.000 ден. или повеќе.

Кога не се исполнети условите за бесплатна испорака, трошокот за стандардната испорака се прикажува во кошничката и при завршувањето на нарачката пред плаќањето.

Повеќе за испораката

Со која курирска служба ја испраќате нарачката?

Карго Експрес е стандардната курирска служба за онлајн нарачките. По барање на купувачот, испораката може да се организира преку ЕЛС или друга курирска служба. Барањето треба да се наведе во полето за забелешка при завршувањето на нарачката.

Ако изборот на друга курирска служба предизвикува различен трошок или рок, купувачот ќе биде контактиран пред предавањето на пратката.

Повеќе за испораката

Како ќе знам дека пратката е испратена?

По предавањето на пратката на курирската служба ќе добиете е-пошта со документ или потврда дека пратката е примена од курирот. Кога е достапно, ќе добиете и број или линк за следење.

Враќање и повлекување

Може ли да го вратам производот во рок од 14 дена?

Потрошувачот има право, без наведување причина, да се повлече од договорот склучен на далечина во рок од 14 дена, освен во законски предвидените исклучоци.

Отворањето на пакувањето само по себе не го укинува автоматски правото на повлекување. Потрошувачот одговара за евентуално намалување на вредноста ако со производот постапувал повеќе отколку што е потребно за утврдување на неговата природа, карактеристики и функционалност.

Кај индустриска опрема, отворање, монтажа, електрично поврзување, програмирање, внесување параметри, активирање, користење или оштетување на фабричкото пакување може да предизвика реално намалување на вредноста.

Деталната постапка за враќање

Како да поднесам барање за повлекување?

Испратете јасна изјава за повлекување или користете го образецот достапен на страницата Рекламации и враќање. Следете ги инструкциите за идентификација на нарачката и враќање на производот.

Рекламации и враќање

Замена, рекламација и гаранција

Која е разликата меѓу повлекување, замена, рекламација и гаранција?

Повлекување е законско право на потрошувачот да се откаже од онлајн купувањето во предвидениот рок.

Замена е можност производот да се замени под условите наведени во Политиката за рекламации и враќање.

Рекламација се поднесува кога производот е оштетен, некомплетен, погрешен или не е сообразен со договореното.

Гаранцијата се однесува на дефекти и услови опфатени со гаранциските правила на производот или производителот.

Рекламации и враќање

Што да направам ако пратката пристигне оштетена?

Проверете ја надворешната амбалажа при приемот. Видливото оштетување побарајте да биде евидентирано од курирот и фотографирајте ја пратката пред отворање. При сериозно видливо оштетување може да го одбиете приемот.

Контактирајте нè што е можно побрзо и доставете фотографии, број на нарачка и опис на оштетувањето.

Рекламации и враќање

Што ако добијам погрешен или некомплетен производ?

Контактирајте нè со бројот на нарачката, опис на проблемот и фотографии од производот, пакувањето и содржината. Ќе ви дадеме инструкции за понатамошната постапка.

Деловни купувачи (B2B)

Дали имате услови за деловни купувачи?

Да. По регистрација и проверка на компанијата, на одобрени B2B-корисници може да им бидат достапни деловни цени и индивидуални комерцијални услови. Достапноста на конкретни услови зависи од одобрениот профил, производот, количината и конкретната понуда.

Како да се регистрирам како деловен купувач?

При регистрацијата изберете ја опцијата за B2B. По верификацијата на вашата фирма, ќе добиете пристап до деловните услови.

Аплицирајте за B2B

Дали деловните купувачи имаат право на враќање во 14 дена?

Законското право на повлекување во рок од 14 дена се однесува на потрошувачи, односно физички лица што купуваат надвор од својата трговска или професионална дејност. За деловни купувачи враќање или замена е можно само ако е договорено со ХАС Инженеринг или произлегува од недостаток, несообразност, гаранција или други применливи права.

Рекламации и враќање

Техничка соодветност

Како да проверам дали производот е соодветен за мојата апликација?

Пред нарачката проверете ги техничките карактеристики, напонот, струјата, моќноста, комуникацијата, димензиите, монтажата и компатибилноста со останатата опрема.

Ако не сте сигурни, контактирајте го нашиот инженерски тим пред купувањето. Информациите и препораките се даваат врз основа на податоците што ќе ги доставите.

Контактирајте нè

Контакт

Не го најдов одговорот што ми е потребен. Како да ве контактирам?

Контактирајте нè преку контакт-формуларот, на телефон 070 805 145 или преку е-пошта Вчитување....

Последно текстуално ажурирање: 17.06.2026 | Верзија 1.0