Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,10 % во однос на одлуката од 24.02.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,069%, кај дизелот за 3,550%, кај екстра лесното масло е за 3,449% и кај мазутот намалувањето е за 3,527%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0892%.
Од 4.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 79,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,952 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 44,952 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.3.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.