• Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
ИНДУСТРИЈА.мк |
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
ИНДУСТРИЈА.мк |
No Result
View All Result
Home ВО ФОКУС

ОКТА: Финансиски резултати за четвртиот квартал/12 месеци од 2024 година

Redakcija by Redakcija
March 4, 2025
in ВО ФОКУС, ДЕРИВАТИ
0
ОКТА: Финансиски резултати за четвртиот квартал/12 месеци од 2024 година
189
SHARES
1.5k
VIEWS
Сподели на ФБСподели на Linkedin

Иако годишните приходи и ЕБИТДА забележаа пад во 2024 година, поради флуктуации во цените и зголемената конкуренција, еднократни фактори предизвикаа зголемена добивка пред оданочување

Во 2024 година, глобалниот пазар на деривати претрпе значителни флуктуации на цените поттикнати од геополитичките тензии и макроекономските притисоци. Во првата половина од годината, цените на горивата забележаа нагорен тренд поради зголемената побарувачка и загриженоста од прекини во снабдувањето, особено поради тоа што санкциите кон Русија продолжија да го обликуваат глобалниот трговски тек на нафтата. Сепак, во втората половина од годината, цените почнаа да паѓаат, бидејќи зголеменото производство и економското забавување на клучните пазари ја ублажија побарувачката. Тековните конфликти на Блискиот Исток беа причина за дополнителна неизвесност, влијаејќи на рутите за снабдување и состојбата на пазарот. Ваквата динамика придонесе за нестабилно ценовно окружување во текот на целата година.

И покрај тековните предизвици предизвикани од глобалната енергетска криза во последниве години, ОКТА остана носечки столб во снабдувањето со деривати на  земјата, но и во регионот. Компанијата се придржуваше кон ригорозни стандарди за здравје и безбедност, им обезбеди непречени услуги на клиентите и истовремено засилено ја поддржуваше заедницата. Дополнително, ОКТА активно трагаше по нови приливи на приходи преку инвестиции во обновлива енергија, диверзифицирајќи го својот бизнис и придонесувајќи кон развојот на поодржлива иднина.

Позитивните резултати постигнати во 2024 година ја потврдија ефективноста на долгорочната стратегија на компанијата и ја зајакнаа довербата на раководството во нејзината имплементација. И покрај комплексното и конкурентно окружување полно со предизвици, ОКТА ја задржа својата лидерска позиција на пазарот, заокружувајќи ја годината  со 68% пазарен удел во Република Северна Македонија и 32% пазарен удел во Косово.

Како и досега, менаџментот на ОКТА продолжува будно да ја следи динамиката на пазарот и проактивно да идентификува можности за поттикнување на растот на бизнисот и оперативната ефикасност. Преку стратешко планирање и активно одлучување, компанијата и понатаму останува добро позиционирана за долгорочен успех во  енергетско окружување кое постојано се развива.

Најзначајни остварувања во четвртиот квартал и 2024 година

  • Приходите од продажба изнесуваа 44.247 милиони денари во 2024, што е резултат на пониските остварени продажби на двата пазари. Приходите од продажба во четвртиот квартал 2024 година изнесуваа 9.673 милиони денари, 25% пониски од оние во истиот период минатата година.
  • Бруто-маржата во 2024 година изнесуваше 1.158 милиони денари, намалени во споредба со истиот период минатата година, како резултат на намалената побарувачка за мазут, намалените тендери за државни резерви и зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар. И покрај тоа, во четвртиот квартал 2024 година, бруто-маржата значително порасна на 282 милиони денари, во споредба со 36-те милиони денари остварени во истиот период минатата година, пред сè поради флуктуациите на меѓународните цени на горивата.
  • ЕБИТДА во 2024 година достигна 501 милиони денари, забележувајќи пад во однос на 537-те милиони денари остварени во истиот период лани. Падот во споредба со претходната година главно се припишува на намалените количини на двата пазари во кои компанијата работи и зголемувањето на оперативните трошоци за 3%.
  • Добивката пред оданочување достигна 238 милиони денари, повисока од истиот период минатата година, вклучувајќи ги и 50-те милиони денари платени како Данок на солидарност во 2023 година. Во четвртиот квартал 2024 година, добивката пред оданочување достигна 87 милиони денари, што претставува подобрување во однос на четвртиот квартал 2023 година.
  • Во третиот квартал од 2024 година, компанијата откупи 10% од сопствените акции, што ја одразува нејзината доверба во долгорочната вредност на бизнисот и постојана посветеност на подобрување на вредноста за акционерите.

Компанијата, во согласност со своите стратешки приоритети, инвестираше 78 милиони денари во текот на 2024 година во заокружување на процесот на изградбата на сопствена фотоволтаична централа од 12 MW, која почна да функционира во втората половина од годината, создавајќи нов прилив на приходи.

Општествена одговорност на претпријатието

ОКТА ја потврди својата посветеност на општествено одговорно однесување, преку двете кровни фотоволтаични централи коишто компанијата ги донираше на две образовни институции: едно основно училиште во Велес и една градинка во Гевгелија. Во 2024 година, компанијата исто така придонесе и за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот преку инвестиции во едукативни иницијативи и програми за донации.

Во рамките на овие активности, ОКТА организираше едукативни работилници за сите првоодделенци во општина Центар. Иницијативата беше дополнета со донација на фотоволтаични сообраќајни знаци, стратешки поставени во близина на училишта и градинки низ општината, за да се зајакне безбедноста на патиштата.

ОКТА ја заокружи годината реализирајќи ги  своите традиционални донаторски активности во соработка со Црвениот крст на град Скопје и дополнителна поддршка за училиштата во околината на компанијата, особено во општина Илинден.

Здравјето и безбедноста на нашите вработени и клиенти, како и континуираното и непречено снабдување на регионот со горива, остануваат врвни приоритети на раководството на ОКТА.

Share76Share13

Поврзани објави

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

by Redakcija
April 30, 2025
0

Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици Во првиот квартал од...

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 29, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Повторно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 14, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

by Redakcija
April 14, 2025
0

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско...

Нови податоци за стоковната размена со странство во периодот јануари – август 2024 година

Стоковна размена со странство (јануари – февруари 2025)

by Redakcija
April 10, 2025
0

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот...

Load More

Нашата мисија

ИНДУСТРИЈА.мк е прв македонски медиум специјализиран за вести и настани од тешката индустрија. Нашата мисија е да го подигнеме нивото на информираност помеѓу општата и стручната јавност за значењето на енергетиката, металургијата, рударството, машинската индустрија и останатите области за нашата економија и самата земја. Истовремено сакаме да ги мотивираме и младите да развиваат кариера во тешката индустрија и да бидат дел од свет полн со иновации!

Категории

  • ВО ФОКУС
  • ДЕРИВАТИ
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • КОЛУМНИ
  • МАШИНСКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • Најнови вести
  • ОСТАНАТО
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • РУДАРСТВО

Навигација

  • Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Цени на нафта и нафтени деривати
  • Цени на топлинска енергија
  • Цени на електрична енергија
  • Цени на обновливи извори

© 2024 Индустрија.мк

No Result
View All Result
  • ВО ФОКУС
  • Најнови вести
    • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
    • ЕНЕРГЕТИКА
    • ДЕРИВАТИ
    • РУДАРСТВО
    • МЕТАЛУРГИЈА
    • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • КОЛУМНИ
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • Нашата мисија
  • Контакт

© 2024 Индустрија.мк