Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 7.10.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,37%, кај дизелот зголемувањето е за 3,192%, кај екстра лесното масло исто има зголемувањето од 3,675% и кај мазутот зголемувањето за 3,034%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,8091%.
Од 11.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,034 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,254 ден/кг и сега ќе изнесува 44,034 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.10.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.