• Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
ИНДУСТРИЈА.мк |
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
ИНДУСТРИЈА.мк |
No Result
View All Result
Home ВО ФОКУС

Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора: „Премиерот, банките и бизнисот“

Redakcija by Redakcija
November 7, 2024
in ВО ФОКУС, КОЛУМНИ, Најнови вести
0
Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора: „Премиерот, банките и бизнисот“
190
SHARES
1.5k
VIEWS
Сподели на ФБСподели на Linkedin

Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Намерата на премиерот да помогне на бизнисот е чесна како и настојувањата на банкарите да го одбранат своето. Но, чесно е барањето на бизнисот, имплементација одма. Тоа ќе овозможи заедно со другите инвестициони активности што ги најавува Владата на РСМ и оние што ги планираат компаниите, да внесеме доза на оптимизам дека работите одат кон посакуваната цел, а тоа подразбира раст на економијата поголем од 1.8 % што беше просек во изминатиот период.

На јубилејот по повод 100 годишнината од основањето на Стопанската комора, наместо прослава консензуално во Комората донесовме Декларација за постигнување општествен консензус по однос на прашањето за понатамошниот развој на државата. И јасно, потенциравме дека клучен приоритет во наредните 10 години треба да биде бизнисот како основен кохезионен фактор на сите разлики (меѓунационални, меѓуетнички, социјални, концепциски, стратешки) кои што постојат во нашата државата.

Помеѓу многубројните проблеми со кои се соочуваме, посебно сакам да го издвојам проблемот на имплементацијата на договореното, кој како да е рак рана на нашето живеење во првата самостојна и независна македонска држава. Никој не го оспорува капацитетот на нашиот народ за договор, ниту на бизнисот, но секогаш е спорно неговото спроведување бидејќи наидува на различни прашања и дилеми.

Деновиве имаме конкретен пример со што можеме да им покажеме на јавноста и на меѓународната заедница дека покрај способноста за договор, имаме способност и за имплементација преку широк консензус за поддршка на бизнисот и неговите потреби како приоритет во наредните години. Тоа значи дека парите од унгарскиот кредит кои институционално беа процесуирани преку македонското собрание и легнати на сметката на Народната банка на РСМ мора веднаш да се стават во функција.

Едноставно кажано, тој сигнал би поттикнал и другите компании да тргнат по патот на инвестициите што е единствено решение за нашите проблеми.

П.С. Оваа недела имав исклучителна чест и задоволство да присуствувам на седницата на Клубот на извозници при СКСМ во кој членуваат најголемите и најуспешните домашни извозни компании и морам да кажам дека ова специјализирано тело како форма на делување е вистински погодок во насока на градење на новиот концепт на Комората за поддршка на извозните активности на компаниите. Претседателот на Клубот на извозници, проф. д-р Дарко Лазаров заедно со неговиот тим на потпретседателите (Анатол Кутревски од Пекабеско Скопје, Зоран Илиевски од Актива Штип и Евгенија Ѓорѓиеска од Ламинати Ком Прилеп) вложиле огромни напори да го организираат овој концепт и како млади професионалци и претставници на успешни извозни компании се силна гаранција дека тоа ќе се развива во вистинска насока. Националниот совет за извоз, Клубот на извозници и Институтот за извоз ќе бидат трите столба на кои ќе почива новиот концепт на Комората за поддршката на сите извозни активности на компаниите. Во наредниот период Комората ќе промовира и нови облици и алатки во интерес на компаниите, а истовремено силно ќе ги поддржува активностите поврзани со борбата со корупцијата и сивата економија.

Колумната е првично објавена на официјалниот веб-сајт на Стопанската комора.

Share76Share13

Поврзани објави

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

by Redakcija
April 30, 2025
0

Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици Во првиот квартал од...

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 29, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Повторно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 14, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

by Redakcija
April 14, 2025
0

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско...

Нови податоци за стоковната размена со странство во периодот јануари – август 2024 година

Стоковна размена со странство (јануари – февруари 2025)

by Redakcija
April 10, 2025
0

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот...

Load More

Нашата мисија

ИНДУСТРИЈА.мк е прв македонски медиум специјализиран за вести и настани од тешката индустрија. Нашата мисија е да го подигнеме нивото на информираност помеѓу општата и стручната јавност за значењето на енергетиката, металургијата, рударството, машинската индустрија и останатите области за нашата економија и самата земја. Истовремено сакаме да ги мотивираме и младите да развиваат кариера во тешката индустрија и да бидат дел од свет полн со иновации!

Категории

  • ВО ФОКУС
  • ДЕРИВАТИ
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • КОЛУМНИ
  • МАШИНСКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • Најнови вести
  • ОСТАНАТО
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • РУДАРСТВО

Навигација

  • Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Цени на нафта и нафтени деривати
  • Цени на топлинска енергија
  • Цени на електрична енергија
  • Цени на обновливи извори

© 2024 Индустрија.мк

No Result
View All Result
  • ВО ФОКУС
  • Најнови вести
    • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
    • ЕНЕРГЕТИКА
    • ДЕРИВАТИ
    • РУДАРСТВО
    • МЕТАЛУРГИЈА
    • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • КОЛУМНИ
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • Нашата мисија
  • Контакт

© 2024 Индустрија.мк