На 27 и 28 февруари 2025 година, во Бања Лука во Босна и Херцеговина, ќе се одржи Balkan Solar Summit – регионална конференција за обновливи извори на енергија.
Balkan Solar Summit е водечки настан во Босна и Херцеговина, кој се организиран по трет пат, посветен на обновливите извори на енергија, промовирање на одржлив развој и зајакнување на регионалната соработка.
Конференцијата ќе биде домаќин на повеќе од 500 експерти, индустриски лидери, инвеститори и клучни чинители од секторот за обновливи извори на енергија, сè со цел креирање стратегии и решенија кои се усогласени со регионалните и европските стандарди, правејќи го овој настан клучна платформа за развој на енергетската транзиција во регионот.
На настанот ќе бидат дискутирани повеќе теми, вклучувајќи ги клучните предизвици во зелената транзиција, трендовите на пазарот за електрична енергија, споделувањето на ризик во структурирањето на проекти, добивањето на енергија од отпад и декарбонизација, интеграцијата на обновливи извори на енергија во електроенергетскиот систем со решенија за складирање, стабилноста и безбедноста на енергетските системи и многу повеќе.
Целосната агенда на настанот може да се разгледа на следниот ЛИНК.