Заврши промената на изолатори на 400kV-от интерконективен далекувод ТС Дуброво – ТС Солун, соопшти МЕПСО. Далеководна екипа од Оддел ДВ во рамки на планираните активности работеше на повеќе столбови, обезбедувајќи стабилна и сигурна енергетска врска помеѓу Р. С. Македонија и Р. Грција.
Откако беше обезбеден работниот процес и се изврши проверка на безнапонска состојба, далеководната екипа изврши демонтажа на оштетени изолатори, монтажа на нови изолатори, проверка и повторно вклучување на далекуводот во погон.
Активноста за замена на изолаторски вериги е со цел да се обезбеди стабилен прекуграничен пренос на електрична енергија и доверливост на дел од 400 kV преносна мрежа.