Генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи, вчера присуствуваше на тестирање на новата опрема во новоизграденото 110 kV поле наменето за сопствена потрошувачка на електрична енергија.
Со ова тестирање и официјално заврши проектот за реконструкција на ТС Дуброво кој опфаќа замена на старата високонапонска опрема (раставувачи и потпорни излолатори) во сите 400 kV полиња, реконструкција на 6 kV разводна пострoјка, замена на надворешното осветлување на трафостаницата како и инсталација на 110 kV поле за сопствени потреби.
Со реализација на овој проект се зголемува стабилноста и доверливоста на преносната мрежа во овој регион и електроенергетскиот систем во земјата во целина.
Инвестицијата за ревитализација на оваа трансформаторска станица изнесува 1.69 милиони евра и е поддржана со заем од ЕБОР, а изведувач на работите е хрватската компанија Далековод – Загреб.