АД ЕСМ соопшти дека завршил капиталниот ремонт на Генератор 2 во хидроелектраната „Шпилје“. По двомесечни теренски активности на Службата за електромашинско одржување од ХЕС „Црн Дрим“, агрегатот повторно е ставен во погон и хидроелектраната е комплетно на располагање на електроенергетскиот систем.
Зафатот е реализиран во согласност со предвидените планови за тековно и за инвестициско одржување на опремата. Капиталниот ремонт е една од позначајните сервисни активности и значи продолжување на работниот век, зголемување на сигурноста и стабилноста на „Шпилје“ и на хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“.