• Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
ИНДУСТРИЈА.мк |
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
ИНДУСТРИЈА.мк |
No Result
View All Result
Home ВО ФОКУС

Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства

Redakcija by Redakcija
March 13, 2025
in ВО ФОКУС, Најнови вести, ОСТАНАТО
0
Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства
189
SHARES
1.5k
VIEWS
Сподели на ФБСподели на Linkedin

Градежништвото е основен двигател на економскиот развој, па имплементацијата на иновативни решенија базирани на вештачка интелигенција кои ќе го унапредат процесот и ќе создадат можност за нови одржливи производи е од клучно значење. Во услови на голема транзиција во скоро сите сектори, од клучно значење е зајакнување на соработката помеѓу науката, компаниите и институциите. Само на тој начин може развојот да се насочи кон креирање на одржливост на долг рок, зајакнување на конкурентноста на компаниите и економски раст. Ова беа главните заклучоци на стручната конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ што се одржа денес во организација на ТИТАН Усје и Градежниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.

На конференцијата која е организирана во рамки на обележувањето на 70-годишнината од основањето на ТИТАН Усје пред присутните се обрати главниот извршен директор на компанијата Константинос Николау.

„Иновациите и воведувањето на нови технологии се наш врвен приоритет и голем дел од инвестициите се насочени во тој правец. Во последните пет години, компанијата вложи повеќе од 6 милиони евра во дигитализација, решенија базирани на вештачка интелигенција, иновативни технологии и одржливи практики, вклучувајќи и еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, како што се соларната енергија и алтернативните горива. Титан Усје е пионер во примената на принципите на кружната економија, а како резултат на тоа компанијата ги редуцираше емисиите на CO₂ за 2.600 тони. Токму тоа нѐ мотивираше да ја интензивираме соработката со сите релевантни партнери, да го споделиме нашето искуство и знаење со пошироката заедница и да поттикнеме поголема соработка помеѓу инволвираните страни“, истакна Николаоу.

ТИТАН Усје планира да инвестира дополнителни 20 милиони евра во нови технологии и модернизација во следните три години, а со производство и пласман на пазарот на нови еко цементи, компанијата дополнително ги намали CO₂ емисиите за повеќе од 40.000 тони.

„Живееме во услови на брзи и нагли промени што предизвикува неизвесност. Скоро сите сектори, вклучувајќи го и градежништвото мора да се адаптираат на овие промени. Па оттука, соработката е многу важна, бидејќи ќе ни овозможи заедно да го најдеме најдобриот начин кој ќе гарантира раст и во следниот период. Градежништвото е исправено пред два предизвика. Едниот е поврзан со климатските промени и потребата од поголема имплементација на еколошки производи. Вториот предизвик е поврзан со потребата да не се запоставуваат базичните принципи на градежништвото – стручност, стандарди, свест и совест. За одржливо градежништво се потребни и двата аспекта и уверен сум дека со ваков тип на соработка во голема мерка ќе придонесеме за развој кој ќе се движи во вистинска насока“, истакна деканот на Градежниот факултет при УКИМ, проф. д-р Горан Марковски. За да ја потенцира важноста од стручноста во градежништвото и употребата на квалитетни и еколошки бетони, Марковски стави маска од диносаурус, алудирајќи дека ако не се грижиме за животната средина ќе имаме иста судбината на диносаурусите.

На првиот панел на тема Како до иднина со нула емисии – Истражување на можностите за одржливо градежништво настапија Деканот на градежниот факултет проф. д-р Горан Марковски, проф. д-р Петер Марк од СР Германија, проф. д-р Снежана Маринковиќ од Република Србија, Христофорос Вулгарис од Титан и Иван Ангелов од Титан Усје. Говорниците преку своите стручни презентации ја подвлекоа важноста од употребата на еколошки бетони и градежни материјали за да се обезбеди одржлив развој и заштита на животната средина. Во таа насока акцент беше ставен на регулативата во земјава, но и во Европската унија, во насока на редуцирање на CO₂ емисиите. Законот за климатска акција кој е во работна верзија треба да ја зајакне домашната регулатива, а голем исчекор се очекува да има и воведувањето на СИБАМ системот. Покрај регулативата, говорниците се осврнаа и на значењето на новите технологии и зајакнување на стандардизацијата за да се обезбеди одржливост и на градежништвото и на еко системите.

На вториот панел на тема Иднината на градежништвото – Бизнис стратегии и политики за зелена транзиција говореа директорот на Фабрика Карпош Силјан Михајловски, комерцијалниот директор на Адинг Даниел Цеков, главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николау, д-р Џевад Кицера, директор на Институтот за стандардизација и Маја Дојчиновска Колиќ од Институтот за стандардизација. Поголема имплементација на стандардите, тесно усогласување на развојот на индустријата во целосен склад со развојот на заедницата и животната средина и размена на искуства и знаења за најновите трендови во индустријата, беа во фокусот на овој панел.

Во насока на интензивирање на соработката помеѓу приватниот сектор и научната јавност, ТИТАН Усје започна соработка со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ која се реализира преку проектот „Знаење + CO₂ -“ – со знаење и иновативност до помалку CO2. Токму оваа конференција е дел од овој проект, но предвидени се и многу други. Активностите на проектот се одвиваат преку три главни модули: Едукативен модул – организирање курсеви, практикантски програми, теренски посети и поткасти; Модул за истражување и развој – мултидисциплинарни истражувања и отворање на паметна лабораторија и Модул за подигнување на свеста – младински натпревари, годишна изложба и други активности.

Tags: градежен факултетконференцијатитан усје
Share76Share13

Поврзани објави

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

by Redakcija
April 30, 2025
0

Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици Во првиот квартал од...

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 29, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Повторно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 14, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

by Redakcija
April 14, 2025
0

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско...

Нови податоци за стоковната размена со странство во периодот јануари – август 2024 година

Стоковна размена со странство (јануари – февруари 2025)

by Redakcija
April 10, 2025
0

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот...

Load More

Нашата мисија

ИНДУСТРИЈА.мк е прв македонски медиум специјализиран за вести и настани од тешката индустрија. Нашата мисија е да го подигнеме нивото на информираност помеѓу општата и стручната јавност за значењето на енергетиката, металургијата, рударството, машинската индустрија и останатите области за нашата економија и самата земја. Истовремено сакаме да ги мотивираме и младите да развиваат кариера во тешката индустрија и да бидат дел од свет полн со иновации!

Категории

  • ВО ФОКУС
  • ДЕРИВАТИ
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • КОЛУМНИ
  • МАШИНСКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • Најнови вести
  • ОСТАНАТО
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • РУДАРСТВО

Навигација

  • Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Цени на нафта и нафтени деривати
  • Цени на топлинска енергија
  • Цени на електрична енергија
  • Цени на обновливи извори

© 2024 Индустрија.мк

No Result
View All Result
  • ВО ФОКУС
  • Најнови вести
    • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
    • ЕНЕРГЕТИКА
    • ДЕРИВАТИ
    • РУДАРСТВО
    • МЕТАЛУРГИЈА
    • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • КОЛУМНИ
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • Нашата мисија
  • Контакт

© 2024 Индустрија.мк