• Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
ИНДУСТРИЈА.мк |
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
ИНДУСТРИЈА.мк |
No Result
View All Result
Home ВО ФОКУС

Стоковна размена со странство (јануари – декември 2024)

Redakcija by Redakcija
February 7, 2025
in ВО ФОКУС, Најнови вести, ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
0
Нови податоци за стоковната размена со странство во периодот јануари – август 2024 година
189
SHARES
1.5k
VIEWS
Сподели на ФБСподели на Linkedin

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 478 808.0 милиони денари и бележи пад од 6.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 680 709.1 милиони денари што е за 0.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 201 901.2 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 70.3 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – декември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Стоковна размена изразена во евра и американски долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 7 781.2 милиони евра и бележи пад од 6.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 062.4 милиони евра, што е за 0.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 3 281.2 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 8 425.3 милиони американски долари и бележи пад од 6.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 969.6 милиони американски долари, што е за 0.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 3 544.4 милиони американски долари.

Tags: податоцистатистикастоковна размена
Share76Share13

Поврзани објави

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

by Redakcija
April 30, 2025
0

Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици Во првиот квартал од...

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 29, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Повторно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 14, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

by Redakcija
April 14, 2025
0

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско...

Нови податоци за стоковната размена со странство во периодот јануари – август 2024 година

Стоковна размена со странство (јануари – февруари 2025)

by Redakcija
April 10, 2025
0

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот...

Load More

Нашата мисија

ИНДУСТРИЈА.мк е прв македонски медиум специјализиран за вести и настани од тешката индустрија. Нашата мисија е да го подигнеме нивото на информираност помеѓу општата и стручната јавност за значењето на енергетиката, металургијата, рударството, машинската индустрија и останатите области за нашата економија и самата земја. Истовремено сакаме да ги мотивираме и младите да развиваат кариера во тешката индустрија и да бидат дел од свет полн со иновации!

Категории

  • ВО ФОКУС
  • ДЕРИВАТИ
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • КОЛУМНИ
  • МАШИНСКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • Најнови вести
  • ОСТАНАТО
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • РУДАРСТВО

Навигација

  • Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Цени на нафта и нафтени деривати
  • Цени на топлинска енергија
  • Цени на електрична енергија
  • Цени на обновливи извори

© 2024 Индустрија.мк

No Result
View All Result
  • ВО ФОКУС
  • Најнови вести
    • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
    • ЕНЕРГЕТИКА
    • ДЕРИВАТИ
    • РУДАРСТВО
    • МЕТАЛУРГИЈА
    • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • КОЛУМНИ
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • Нашата мисија
  • Контакт

© 2024 Индустрија.мк