Вредноста на златото денес достигна ново историски највисоко ниво, продавајќи се по цена од дури 2.732,25 долари за унца злато.
Истовремено, среброто достигна највисоко ниво во последните 12 години, продавајќи се по цена од 32,02 долари за унца сребро.
Експертите очекуваат дека цената на благородните метали ќе продолжи да расте и во претстојните месеци.
По вториот квартал на 2024 година, вкупните светски резерви на злато надминаа 29.000 тони.