Приоритетите на АД ЕСМ и улогата на компанијата кон процесите што ги опфаќа зелената транзиција беа дел од темите за коишто разговараа генералниот директор Лазо Узунчев со претставници од УСАИД.
На средбата присуствуваше и директорот за финансиски работи на АД ЕСМ, Иван Стојановски, енергетскиот советник во Одделот за енергетика и инфраструктура на УСАИД бирото за Европа и Евроазија во Вашингтон, Алкен Мифтиу, директорот на проектот „USAID Connect for Growth“, Дин Вајт, како и Маргарета Липковска-Атанасов, специјалист за регионални енергетски проекти од УСАИД Северна Македонија. На средбата беа разменети мислења околу можните области за понатамошна техничка соработка.
Оваа средба беше прва меѓу новото раководство на АД ЕСМ и УСАИД во духот на долгогодишната поддршка за унапредување и за модернизација на работењето на компанијата.