Генералниот директор Лазо Узунчев, заедно со членовите на Управниот одбор и дел од членовите на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, денес остварија прва работна посета во РЕК „Битола“.
Новоназначениот в.д. директор на подружницата РЕК „Битола“ Иле Костадиновски, заедно со помошниците-директори, ја презентираа моменталната состојба со производството на електрична енергија во комбинатот, предизвиците со коишто се соочуваат, како и подготвителните активности за претстојната грејна сезона, што вообичаено се спроведуваат овој период.