Алказар Енерџи го промовираше проектот за изградба на ветерен парк со капацитет од 400 МW, инвестиција на во износ од 450 милиони евра.
Инвестицијата на Алказар Енерџи од околу 450 милиони евра за изградба на ветерен парк е најголема во регионот и со неа ќе се обезбеди 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава, а ќе отвори 630 нови работни места.
Проектот ќе ја зголеми енергетската независност на земјата и ќе овозможи побрза транзиција кон зелена енергија. Ќе бидат инсталирани 55 ветерници што ќе произведуваат еден тераватчас електрична енергија или еден милион мегаватчасови.
На промоцијата на проектот се обратија премиерот Христијан Мицкоски, новата министерка за енергетика Сања Божиновска и извршниот директор на компанијата Даниел Калдерон.