Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 789 741 МWh електрична енергија, 38.762 мил. нм3 природен гас, 379 630 тони јаглен и 92 282 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70.2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.4% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.