Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 414 178 МWh електрична енергија, 33.041 мил. нм3 природен гас, 320 639 тони јаглен и 101 862 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.