Австралиската компанија „Стрикленд Металс“, која се занимава со истражување на златни и бакарни руди во Србија, неодамна откри значајни депозити на злато на планината Рогозна во близина на Нови Пазар.
Првото дупчење на компанијата на длабочина од 244,5 метри покажало зона од 89,7 метри со 4 грама злато по тон, како и зона од 24,1 метри на длабочина од 296,2 метри со дури 10,5 грама злато по тон.
Водството на компанијата ги оценува резултатите од првото дупчење како „феноменални“.
„Нашата стратегија за Шанац беше да се фокусираме на повисоките нивоа на наоѓалиштето со цел да го зголемиме проценетото количество од 150 тони златен еквивалент и откривме не само најголеми количини на злато досега пронајдени во Рогозна, туку и обемна минерализација на бакар и злато, долг околу 109 метри, со просек од 1,3 g/t злато и 0,4 проценти бакар, вклучувајќи повеќе зони на масивен халкопирит со до 11 проценти бакар“ – објаснува Пол Лерпиние, извршен директор на Стрикленд Металс.
Ветувачките резултатите ќе бидат дополнителен поттик за компанијата да ги продолжи истражувањата на златните депозити на Рогозна.