Непречен старт на новата грејна сезона беше една од темите во фокус на средбата помеѓу претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и ново назначениот генерален директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев.
Во присуство на членовите на РКЕ и дел од раководството на ЕСМ се разговараше за активностите на кои компанијата ќе се посвети за да се обезбеди сигурна, стабилна и непречена испорака на топлинска енергија.