Управниот одбор на АД ЕСМ денеска донесе одлуки со кои назначи нови директори на најзначајните термоенергетски производствени капацитети во Македонија.
На челната позиција на РЕК Битола застанува Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски ќе продолжи да работи како помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола.
За директор на РЕК Осломеј е именуван Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот. Директорска позиција во РЕК Осломеј добива и Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.
Подружницата ТЕЦ Неготино доби нов в.д. директор во ликот на Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната.
Управител на Друштвото за производство на топлинска енергија „ЕСМ – Производство на топлинa“ ќе биде Бобан Максимовски, со завршени академски студии од областа на менаџментот.