Именувани се нови директори во дел од хидроенергетските производствени капацитети во рамки на АД ЕСМ.
Управниот одбор на компанијата за директор на подружница ХЕС „Маврово – Гостивар“ го назначи Александар Левкоски, дипломиран машински инженер, а за директор на ХЕЦ „Тиквеш – Кавадарци“ го постави Звонко Бошков, дипломиран електроинженер. Двајцата новоименувани директори имаат долгогодишно работно искуство во АД ЕСМ.
АД ЕСМ им честита на новите директори и им посакува многу успех во работата и идните предизвици. Компанијата го препознава нивниот труд и исклучителен ангажман во текот на годините, и со задоволство ги поддржува во подобрувањето на работните процеси, како и во нивниот понатамошен професионален развој.