ИНДУСТРИЈА.мк е прв македонски медиум специјализиран за вести и настани од тешката индустрија.
Нашата мисија е да го подигнеме нивото на информираност помеѓу општата и стручната јавност за значењето на енергетиката, металургијата, рударството, машинската индустрија и останатите области за нашата економија и самата земја. Истовремено сакаме да ги мотивираме и младите да развиваат кариера во тешката индустрија и да бидат дел од свет полн со иновации!
Пристапот ќе ни биде секогаш афирмативен и преку позитивна критика ќе се обидеме на влијаеме на процесите кои придонесуваат за промените во тешката индустрија.
Нашиот медиум е секогаш отворен за гостински колумни, стручни мислења и текстови од интерес на областите кои ги покриваме. Секогаш ќе бидеме спремни да ги чуеме сите страни на темите кои ги обработуваме и Ви ветуваме дека ќе се трудиме најобјективно да пренесуваме од настаните и случувањата.
Доколку имате идеја за некаква соработка, Ве молиме да не контактирате на контакт податоците од ОВОЈ ЛИНК.