Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 % во однос на одлуката од 20.02.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,256%, кај дизелот за 0,356%, кај екстра лесното масло е за 0,325% и кај мазутот зголемувањето е за 0,247%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2278%.
Од 25.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 46,178 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,012 ден/кг и сега ќе изнесува 46,178 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.2.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.