Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 18.10.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,052%, кај дизелот за 5,983%, кај екстра лесното масло исто има намалување од 6,262% и кај мазутот намалувањето е за 2,187%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1213%.
Од 22.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 42,573 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,639 ден/кг и сега ќе изнесува 42,573 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.10.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.