Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 29.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,468%, кај дизелот 2,216%, кај екстра лесното масло за 1,832% и кај мазутот намалувањето е за 1,471%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3992%.
Од 6.8.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,060 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 44,060 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.8.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.