На 1 август, во просториите на АД МЕПСО, се одржа работна средба помеѓу новиот генерален директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи, и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
На состанокот се разговараше на повеќе теми и заеднички беа констатирани приоритетите на Владата и АД МЕПСО во насока на модернизација на постојната електропреносна мрежа и изградба на нова електропреносна инфраструктура.
Љатифи и Божиновска, на средбата со останатите членови на Управниот одбор на МЕПСО, ја истакнаа важноста од усогласување на постоечките закони со оние на ЕУ во делот на енергетиката а беа изнесени и предлози за подобрување на работните процеси во насока на унапредување и развој на енергетскиот сектор во земјата.