• Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
ИНДУСТРИЈА.мк |
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
ИНДУСТРИЈА.мк |
No Result
View All Result
Home ВО ФОКУС

Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука

Redakcija by Redakcija
October 18, 2024
in ВО ФОКУС, МАШИНСКА, Најнови вести
0
Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука
190
SHARES
1.5k
VIEWS
Сподели на ФБСподели на Linkedin

Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука на 17 октомври 2024 година, кој се одржа во поливалентниот простор на ООУ „Владо Тасевски“ во Скопје.

Овој настан ја одбележува продолжената соработка помеѓу Македонија2025 и Џонсон Мети, како дел од програмата „Науката и Јас“ за влијание во заедницата, која ќе се имплементира во учебната 2024/2025 година. Покрај тоа, претставува и зајакнато партнерство со Министерството за образование. Целта на Саемот е да ги поттикне учениците да се заинтересираат за науката и да ги презентираат своите научни проекти пред пошироката јавност.

Во своето обраќање, Никица Мојсоска Блажевски истакна: „Проектот ‘Науката и Јас’ има значително влијание врз унапредувањето на образованието по природни науки во нашата земја. Минатата година, обучивме 23 наставници од 20 основни училишта низ Македонија, кои со својата работа директно влијаеја на околу 1100 ученици од шесто одделение. Учениците, преку практични проекти и експерименти, развија нова љубов и интерес кон науката. Организиравме четири регионални саеми во Скопје, Велес, Делчево и Струга, каде учениците имаа можност да ги презентираат своите проекти и да разменат идеи со врсниците. Во учебната 2024/2025 година, целиме кон проширување на опфатот на проектот со организирање професионална обука за повеќе од 100 наставници ментори од областа на природни науки и одделенска настава, како и организирање повеќе регионални научни саеми во дополнителни региони.“

Боријан Борозанов, Оперативниот директор за Европа од Џонсон Мети нагласи дека науката игра клучна улога во обликувањето на иднината и дека компанијата е посветена на поддршка на образовни иницијативи и промовирање на одржливост и иновации. „Нашата компанија верува дека инвестициите во образованието се инвестиции во иднината“, рече тој.

Саемите се насочени кон унапредување на образованието по природни науки, овозможувајќи активно учество на учениците во практични проекти и експерименти, кои ќе го разбудат нивниот интерес за науката. На настанот се претставија четири наставници-ментори со тимови од над 30 ученици, кои демонстрираа експерименти и проектни задачи од областа на природните науки (биологија, географија, хемија и физика) пред над 500-тина свои врсници од училиштето домаќин и училиштата во општината.

Посебна благодарност до волонтерите на Џонсон Мети, чие учество беше клучно за успехот на настанот. Тие ја отелотворуваат посветеноста на компанијата за волонтеризам и корпоративна општествена одговорност.

Искрено не радува што преку вакви и останати настани и проекти во областа на образованието, работејќи заедно со нашите корпоративни партнери: Костал Македонија, Триглав осигурување, Алкалоид АД Скопје, А1 Македонија ДООЕЛ и ВФП Фонд манаџмент АД Скопје, и поддржувачи: Тримакс.мк и Литература.мк можеме да инспирираме, поттикнеме и едуцираме и најважно од сѐ, да ја разгоруваме страста за наука во срцата на основците и да создадеме идни генерации подготвени да се соочат со глобалните предизвици.

Енергијата и ентузијазмот што ги покажаа учениците и нивните наставници на Саемот за наука се доказ за трансформативното влијание на нашите напори, но и дополнителна мотивација да вложуваме во образованието.

Tags: Џонсон Мети
Share76Share13

Поврзани објави

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

by Redakcija
April 30, 2025
0

Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици Во првиот квартал од...

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 29, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Повторно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 14, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

by Redakcija
April 14, 2025
0

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско...

Нови податоци за стоковната размена со странство во периодот јануари – август 2024 година

Стоковна размена со странство (јануари – февруари 2025)

by Redakcija
April 10, 2025
0

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот...

Load More

Нашата мисија

ИНДУСТРИЈА.мк е прв македонски медиум специјализиран за вести и настани од тешката индустрија. Нашата мисија е да го подигнеме нивото на информираност помеѓу општата и стручната јавност за значењето на енергетиката, металургијата, рударството, машинската индустрија и останатите области за нашата економија и самата земја. Истовремено сакаме да ги мотивираме и младите да развиваат кариера во тешката индустрија и да бидат дел од свет полн со иновации!

Категории

  • ВО ФОКУС
  • ДЕРИВАТИ
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • КОЛУМНИ
  • МАШИНСКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • Најнови вести
  • ОСТАНАТО
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • РУДАРСТВО

Навигација

  • Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Цени на нафта и нафтени деривати
  • Цени на топлинска енергија
  • Цени на електрична енергија
  • Цени на обновливи извори

© 2024 Индустрија.мк

No Result
View All Result
  • ВО ФОКУС
  • Најнови вести
    • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
    • ЕНЕРГЕТИКА
    • ДЕРИВАТИ
    • РУДАРСТВО
    • МЕТАЛУРГИЈА
    • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • КОЛУМНИ
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • Нашата мисија
  • Контакт

© 2024 Индустрија.мк