Од компанијата „Кромберг и Шуберт Македонија“ соопштија дека продолжуваат со поддршката на млади талентирани студенти кои со својот труд и посветеност го освојуваат патот кон успехот.
Компанијата веќе неколку години ја спроведува програмата за стипендирање на млади и успешни студенти дел од Битолскиот Универзитет “Св. Климент Охридски”. Стипендистите на „Кромберг и Шуберт“ се доказ дека упорноста, знаењето и мотивацијата се клучни фактори за постигнување на големи резултати.
„Во Кромберг и Шуберт веруваме во моќта на младите умови и нивната способност да направат промена. Со заедничка поддршка, создаваме светла иднина!“ – истакнуваат од Компанијата.