Компанијата Џонсон Мети произведе 150 милиони производи во фабриката во Скопје. Ова значајно достигнување го преставува силното влијание на Џонсон Мети врз животната средина, затоа што секое трето патничко или товарно моторно возило во Европа содржи катализатор или филтер произведен во скопската фабрика во Северна Македонија.
Автомобилските катализатори на компанијата спречуваат штетните емисии да навлезат во животната средина, намалувајќи ги загадувачите како јаглерод моноксид (CO), јаглеводороди (HC) и азотни оксиди (NOx). Катализаторите за контрола на емисиите спречуваат 20 милиони тони загадувачи годишно, што е еднакво на спречување на емисија на 40 тони загадувачи секоја минута секојдневно. Ова достигнување ја нагласува посветеноста на Џонсон Мети за одржлива иднина и почист воздух за сите.
Боријан Борозанов, оперативен директор за Европа, вели: „Овој јубилеј е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим во Џонсон Мети Скопје. Нивната посветеност на иновациите и одржливоста водат кон почиста и посветла иднина за сите“.
Фабриката во Скопје која е отворена во 2009 година вработува околу 900 луѓе во Северна Македонија, што ја прави најголема фабрика на Џонсон Мети на глобално ниво. Во Скопје, Џонсон Мети првенствено произведува катализатори за контрола на емисии клучни за намалување на штетните загадувачи од издувните гасови за дизел и бензин возила, придонесувајќи за почист воздух и поздрава Планета.