Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 92.4.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5 %, Капитални производи за 15.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.0 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 117.5, додека во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 87.8.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 90.0.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 19.9 %, Капитални производи за 36.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11.2 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 100.7, додека во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 97.2.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 91.8.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 15.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 124.4, додека во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на периодот јануари-септември 2023 година, изнесува 84.7.