Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 91.1.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6 %, Капитални производи за 18.3 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.6 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 93.6, додека во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, изнесува 87.2.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 90.4.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23.0 %, Капитални производи за 27.3 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14.3 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 93.0, додека во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, изнесува 98.2.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 89.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.6 %, Капитални производи за 18.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.1 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 93.7, додека во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, изнесува 83.8.