Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.5% на месечно ниво и за 4.8% на годишно ниво.
Во септември 2024, во споредба со август 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1.0% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3%.
Во септември 2024, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 13.2%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2% и Трајни производи за широка потрошувачи за 3.6%.