Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 98.6.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 10.0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5.7%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 20.1%, додека пораст бележи кај Енергија за 2.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7%, Трајни производи за широка потрошувачка за 14.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 96.4.