Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 99.5.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.3%, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 0.9%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7%, Капитални производи за 10.5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.6%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, изнесува 101.4.