Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 95.3.
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.0% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 2.5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.3%, кај Капитални производи за 3.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9%. Додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка од 25.7%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 99.7.