Раководството на АД ЕСМ го постави дипломираниот правник Иле Костадиновски за нов в.д. директор на термоелектраната РЕК Битола, која е најголемиот производител на електрична енергија во Македонија. На оваа позиција, Костадиновски го наследува Пеце Матевски.
Минатата недела, за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ беше именуван Лaзо Узунчев, дипломиран машински инженер со претходно долгогодишно работно искуство на менаџерски позиции во приватниот сектор.
Во состав на Управниот одбор на друштвото во државна сопственост, покрај Узунчев, именувани беа и останатите членови: Реџеп Асани заменик-генерален директор, како и членовите Ѓорѓи Ѓорѓиевски-директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски-директор на производство, Виктор Јовановски-директор за комерцијални работи, Иван Стојановски-директор за финансиски работи и Владимир Пејоски-директор на развој и инвестиции.