Групацијата ТИТАН е препознаена како една од најодржливите компании во светот во 2024 година од страна на глобалниот магазин TIME. Ова престижно признание го става ТИТАН меѓу трите цементни компании на глобално ниво кои се вклучени во оваa листа, нагласувајќи ја трајната посветеност на компанијата за одржливост и грижа за животната средина со својата цел „да го направи светот околу нас безбедно, одржливо и пријатно место за живеење“.
Рангирањето на TIME е доказ за тековните напори на ТИТАН да ги интегрира одржливите практики во своето работење преку усогласување со глобалните стандарди за одржливост и редовно транспарентно комуницирање за напредокот со засегнатите страни. Клучните фактори кои придонесуваат за рангирањето на ТИТАН ги вклучуваат научно заснованите цели од 1,5°C, највисоката оценка А од CDP и континуираниот напредок кон целите за намалување на CO₂ и ESG целите за 2025 година и понатаму. Почитувањето на Глобалниот договор на ОН и учеството во UNFCCC Race to zero (Трката до нула емисии во рамки на Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени) исто така, одиграа значајна улога, како и силната посветеност на ТИТАН за одржливост и долгорочно создавање вредност за клиентите, локалните заедници, вработените и другите засегнати страни во сите региони.
Магазинот TIME и компанијата за податоци Statista развија ригорозна методологија за мерење на најодржливите компании во светот за 2024 година. Нивната оценка за одржливост на компаниите се формира врз основа на надворешни рејтинзи за ESG, различни индикатори од областа на животната средина и општествени клучни индикатори за перформанси (KPI) објавени во Извештаите на компаниите кои се уверени од надворешна компанија и усогласени со меѓународните стандарди за известување како што се GRI, SASB и TCFD. Овие клучни индикатори вклучуваат интензитет на емисии, стапки на намалување на емисиите, интензитет на енергија, пропорција на искористена обновлива енергија, родова диверзија во одборите и раководството, родовиот јаз во платите, безбедноста при работата на вработените и стапка на флуктуација на вработените.
Целосната листа на најодржливите компании во светот во 2024 година може да ја најдете на магазинот TIME овде: https://time.com/collection/worlds-most-sustainable-companies-2024/