Комерцијална Банка АД Скопје на 22.03.2024 година склучи договор за продажба на кавадаречката фабрика Еуроникел Индустри на компанијата Polynickel Holding BV, која е дел од групацијата Yildirim Group, преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ.
Општина Кавадарци и Комерцијална Банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред сѐ ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката.
Општина Кавадарци и Комерцијална Банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел Индустри, да се обештетат вработените и сите останати доверители.