Трендот на пораст на бројот на потрошувачи кои се приклучуваат, покажува дека кај жителите на градот Скопје расте свесноста за бројните придобивки и комфорот што го нуди централниот системот за греење.
Од почеток на грејната сезона 2024/2025, ЕСМ Снабдување со топлина го зголеми бројот на своите потрошувачи за нови 417 корисници во десет нови станбени објекти приклучени во системот за централно греење, со ангажирана моќ од 1.684 KW и грејна површина од 22.962 м2.
Сите приклучувања се реализирани во согласност со строго дефинираната регулатива за прием на нови објекти, која обезбедува сигурност и квалитет на услугата.
Дополнително, во истиот период, повторно беа приклучени три големи деловни објекти со вкупна ангажирана моќ од 2.100 KW.
До март 2025 година, ЕСМ Снабдување со топлина планира приклучување на уште 1000 нови потрошувачи од станбени и деловни објекти.