Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесувало 936 031 toe или 34.7% од вкупно потребната енергија.
Вкупната потребната енергија за 2023 година изнесувала 2 698 648 toe. Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2023 година биле: сообраќајот со 44.1%, домаќинствата со 25.8% и индустријата со 17.9% (од расположливата финална потрошувачка).