Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото полугодие од 2024 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во Македонија изнесува 6.625 денари по KWh, што претставува пад од 9.1 % во споредба со второто полугодие од 2023 година.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 4.860 до 11.010 денари по KWh по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 786.198 до 1208.634 денари по GJ по групи на потрошувачи.
Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 1679.526 денари за GJ.