• Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
ИНДУСТРИЈА.мк |
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
ИНДУСТРИЈА.мк |
No Result
View All Result
Home ВО ФОКУС

Божиновска: Почнува имплементацијата на патоказот за „Праведна транзиција“

Redakcija by Redakcija
August 27, 2024
in ВО ФОКУС, ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА, Најнови вести
0
189
SHARES
1.5k
VIEWS
Сподели на ФБСподели на Linkedin

Владата започна сеопфатни активности за подготовка на патоказот за „Праведна транзиција“. Под претседателство на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска,  пред најголемиот дел од членовите на Владата, претставници на акционерските друштва АД ЕСМ и АД МЕПСО  и ЕБОР, денеска се одржа состанок на Советот  за праведна транзиција. Поднесена е сеопфатна информација за досегашните чекори, и се дадени насоки за понатамошни активности кои во наредниот период треба да ги спроведат сите  институции вклучени во процесот.

Планот обезбедува пристап до 85 милиони американски долари грантови и концесиски финансиски средства.  Вкупните почетни проценки за потребните инвестиции изнесуваат три милијарди евра кои треба да се мобилизираат од приватни инвестиции и средства од развојните банки, дополнети со буџетски средства за да се имплементира овој процес. Се очекува дека две милијарди евра ќе бидат распоредени од приватниот сектор преку олеснување на инвестициските бариери, првенствено во обновливи извори на енергија.

„Праведната транзиција подразбира премин кон економија со ниско ниво на емисии на јаглерод,  при што  ја обезбедува иднината и егзистенцијата на работниците и заедницата.  Таа се заснова на социјален дијалог помеѓу работниците, синдикатите, работодавците, владата и заедниците. Планот за Праведна Транзиција обезбедува и гарантира подобри и попристојни работни места, социјална заштита, повеќе можности за обука и поголема безбедност на работните места за сите работници погодени од глобалното затоплување и политиките за климатски промени“ – рече Божиновска.

Иницијативи за праведна транзиција се потребни на сите нивоа, од компании и економски сектори, до градови и региони, во рамките на Европската унија и на глобално ниво.  И ние како Влада, ќе се заложиме при  процесот на праведна транзиција мандаторно да се реализира инклузивен и социјален дијалог. Ќе донесеме мерки  за ублажување на негативните ефекти врз работниците и регионите, ќе направиме огромни напори да ги заштитиме.

 ранливите домаќинства од енергетска сиромаштија. Понатаму, низ разни модалитети  ќе дадеме поддршка  за работниците за нови бизниси и создавање пристојна работа- нагласи Божиновска при своето обраќање на состанокот на Советот за праведна транзиција.

Министерството за енергетика ја ревидира сегашната структура за водење на овој процес со цел да се воспостави соодветна функционална структура. Дефинирани се  управувачки тела кои веднаш почнуваат со активности за имплементација на праведната транзиција. Со цел забрзување на динамиката на процесот, Советот ќе се состанува  еднаш месечно.

Share76Share13

Поврзани објави

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

by Redakcija
April 30, 2025
0

Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици Во првиот квартал од...

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 29, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Повторно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 14, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

by Redakcija
April 14, 2025
0

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско...

Нови податоци за стоковната размена со странство во периодот јануари – август 2024 година

Стоковна размена со странство (јануари – февруари 2025)

by Redakcija
April 10, 2025
0

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот...

Load More

Нашата мисија

ИНДУСТРИЈА.мк е прв македонски медиум специјализиран за вести и настани од тешката индустрија. Нашата мисија е да го подигнеме нивото на информираност помеѓу општата и стручната јавност за значењето на енергетиката, металургијата, рударството, машинската индустрија и останатите области за нашата економија и самата земја. Истовремено сакаме да ги мотивираме и младите да развиваат кариера во тешката индустрија и да бидат дел од свет полн со иновации!

Категории

  • ВО ФОКУС
  • ДЕРИВАТИ
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • КОЛУМНИ
  • МАШИНСКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • Најнови вести
  • ОСТАНАТО
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • РУДАРСТВО

Навигација

  • Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Цени на нафта и нафтени деривати
  • Цени на топлинска енергија
  • Цени на електрична енергија
  • Цени на обновливи извори

© 2024 Индустрија.мк

No Result
View All Result
  • ВО ФОКУС
  • Најнови вести
    • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
    • ЕНЕРГЕТИКА
    • ДЕРИВАТИ
    • РУДАРСТВО
    • МЕТАЛУРГИЈА
    • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • КОЛУМНИ
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • Нашата мисија
  • Контакт

© 2024 Индустрија.мк