Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, одржа прес-конференција на која ги изнесе цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија што беа изгласани на денешната седница на комисијата.
Бислимоски изјави дека не очекува поголемо покачување од еден отсто на просечната цена за електрична енергија за домаќинствата од почетокот на следната година. Тој додаде дека делот од мрежарината кој го плаќаат домаќинствата и најголемиот број од малите потрошувачи се намалува за седум проценти.
Во текот на следните денови, ЕВН Хоум како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола крајните цени за домаќинствата и за малите потрошувачи.
Во однос на останатите просечни цени, РКЕ на денешната седница исто така донесе и одлуки според кои цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува а 19,8 проценти.
Погледнете ја прес-конференцијата во целост: