Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, имаше 30-минутно интервју за дневниот весник USA TODAY на кое беа потенцирани неколку поенти за:
1. Улогата на приватниот сектор во зајакнувањето на регионалната трговија
2. Предизвици и можности за микро-, малите и средните претпријатија
3. Промовирање на Северна Македонија како дестинација за странски инвестиции
4. Дигитална трансформација и иновации во приватниот сектор
5. Северна македонија и Соединетите Американски Држави
Интервјуто е по повод 40-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со САД, и ќе биде дел од поширок извештај за државата, со акцент на развојот на економијата, како и стратешкото партнерство помеѓу С. Македонија и САД.
Беа договорени нови средби и соработка во следниот период.
Со публика од 2,6 милиони читатели, USA TODAY е еден од водечките весници во САД.