Компанијата Anglo Asian Mining PLC соопшти дека нејзината подружница во Азербејџан добила овластување од Владата да продолжи со работните операции во рудникот за злато кај Сојудлу во западниот дел на државата.
Пред една година, компанијата побарала дозвола за подигинување брана за второ таложно езеро за рудната јаловина. Меѓутоа, проектот бил стопиран поради протести и загриженоста на јавноста за загедувањето кое би дополнително би се предизвикало.
Со новодобиеното овластување од Владата на Азербејџан, компанијата најави дека веднаш ќе премине кон започнување на градежните зафати и нормализирање на производствениот процес.
„Почнавме да мобилизираме ресурси за да ја рестартираме обработката на флотационото и агитационото лужење и очекуваме повторно да започнеме со целосно производство за приближно една недела. Ова го означува крајот на едногодишното нарушување и со нетрпение очекуваме да го нормализираме производството“ – изјави извршниот директор Реза Вазири во соопштението на компанијата.
Anglo Asian Mining е најголемиот производител на злато и бакар во Азербејџан и ги има правата врз осум депозити низ целата земја. Азербејџан генерирала околу 162 милиони долари извоз на злато во 2023 година.