Директорот на ПЕ „Рудници“ Златко Шиниковски, со колеги од РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“ и од Секторот за развој и инвестиции, присуствуваа на петнаесеттото стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини „ПОДЕКС-ПОВЕКС 2024“, што се одржа во Струга.
На настанот присуствуваа голем број гости од државата и странство, презентери од областа на рударството и геологијата, научни истражувачи и инженери.
– Сигурна енергетска иднина е можна кога сите ќе дадеме придонес во понатамошните активности, преку научни трудови, стекнати искуства, пракса, преку различни идеи за разрешување на актуелните проблеми, и секако со развој на рударско-геолошката дејност во нашата земја и во регионот – истакнаа нашите колеги Маја Јовановска и Пеце Муртановски.
АД ЕСМ е долгогодишен поддржувач на овој настан, чиј организатор е Здружението на рударските и геолошките инженери на Република Македонија, во соработка со Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.