АД ЕСМ објавува Oтворена постапка за избор на изведувач за проектот Транзиција кон соларни фотоволтаици за проектирање, набавка и изградба на ФЕЦ Осломеј 2 (10 MW) и ФЕЦ Битола (20 MW) со вклучено поврзување на мрежа.
Сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки за клиенти на Европската банка за реконструкција и развој EBRD (European Bank for Reconstruction and Development) на линкот во продолжение: https://ecepp.ebrd.com/delta/noticeSearchResults.html
Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на Европската банка за реконструкција и развој (EBRD). Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот. Компаниите можат да побараат појаснување и дополнителни информации согласно упатствата дадени во документите.
Повикот е исто така објавен и на веб страницата на АД ЕСМ на следниот ЛИНК.