Назначени се нови директори на компаниите основани од АД ЕСМ и подружницата „Енергетика“.
Според одлуката на Управниот одбор, Марјан Милошевски, дипломиран машински инженер, е именуван за директор на подружница Енергетика. Али Исмаиљ, дипломиран инженер по компјутерски науки, ќе раководи со ЕСМ Снабдување со топлина, додека Александар Мирчевски, електроинженер, е поставен за директор на ЕСМ Топлификација Битола.
Компанијата им изразува искрени честитки на новоименуваните директори, со целосна поддршка и доверба во нивните способности за справување со претстојните професионални предизвици.