Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ), во државна сопственост, соопшти промени во составот на Надзорниот одбор на компанијата.
Согласно одлука на Владата на РСМ во својство на Собрание на АД ЕСМ, од Надзорниот одбор се отповикуваат досегашните членови: Слаѓана Богановиќ, Васил Коцев, Игор Петков, Сашо Додовски, Ридван Асани, Катерина Митовска Наковска и Арбен Несим.
На нивно место се назначени новите членови: Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и Стевче Антовски. За независни членови на одборот се назначени: Александар Мурговски и Маја Аначкова.