Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 84.2.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4%, Капитални производи за 29.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3%, додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5.3%.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 105.5, додека во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот јануари – јуни 2023 година, изнесува 86.8.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 96.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 7.0%.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 100.1, додека во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот јануари – јуни 2023 година, изнесува 99.5.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 80.2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4%, Капитални производи за 31.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.4%, додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 9.8%.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 105.7, додека во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот јануари – јуни 2023 година, изнесува 83.3.